![](http://3.bp.blogspot.com/_QNPX0Y3f9_8/Suszk-ZC-TI/AAAAAAAAAb8/0sf9WQQJL5w/s320/grujo+palanka.bmp)
Во рамките на активностите на Владата на Република Македонија, за отварање на дисперзирани студии на факултетите во Македонија, насекаде во државата (Денеска Вторник, 13 Октомври 2009) беа отворени Дисперзираните студии по Информатика во Крива Паланка кои се дел од студиите на Природно математичкиот факултет во Скопје. Премиерот на Владата на Р. Македонија го промовираше ова отварање во Ученичкиот Дом Боро Менков во Крива Паланка. На овие студии запишани се 41 студент од Регионот на Крива Паланка.
Трендот за отварање на Дисперзирани студии треба да продолжи и понатаму во други градови во Републиката. Се надевам и верувам дека Крива Паланка ќе стане центар по информатика во регионот и оти тука ќе студираат студенти и од соседните држави - Бугарија и Србија, рече Груевски.На свеченото отварање покрај Премиерот Груевски присуствуваа и ректорот на Скопскиот универзитет Велимир Стојковски, министерот за образование и наука Никола Тодоров и градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски. При посетата на Крива Паланка, Премиерот имаше прилика во непосреден контакт да се сретне со граѓаните на овој град од Источна Македонија и да ги слушне нивните секојдневни проблеми и ситуации со кои се соочуваат. Граѓаните кај премиерот ја истакнаа потребата од вложување и залагање за развој во инфраструктурата како и поголеми напори во разрешавањето на социо-економските проблеми во кои западна Р. Македонија, па и овој град во екот на тековната светска економска криза. Исто така во известувањето дадено за медиумите Премиерот Никола Груевски истакна дека се прават и се разгледуваат можностите за отворање на нов граничен премин спрема Р. Србија. Македонската страна е подготвена во овој проект уште утре да отпочне со активностите доколку од другата страна (Србија) се вложи енергија во оваа сначајна инфраструктурана целина.
Делчево е град по многу нешта сличен на Крива Паланка, со истите придобивки и премрежја за сопствените граѓани во современието. Познати се неколку иницијативи за отварање на универзитетски студии во Делчево, како од домашни факултети така и од други држави (Бугарија) во просторот на Домот на културата. Би сакале велат младите ученици од Гимназијата М.М. Брицо во Делчево образованието да го продолжиме тука во сопствениот град, да бидеме што поблиску до дома и да не правиме непотребни трошоци и оптеретувања на домашниот буџет. Дали оваа нивна реална желба и потреба ке биде во дослух со можностите и потребите на државата останува да видиме.
Извор: Сител
No comments:
Post a Comment