






Трибината продолжи со читање на писмо-исповед на еден наркоман во една од клиниките во Скопје, по преживеаната апстиненцијална криза. Понатаму продолжи со Презентацијате на оваа тема подготвена од членовите на ЗГ Акција за Млади Делчево, Д-р Соња Мавродиева, инспектор Миле Стоиловски, психолог Мика Илиева и претседателката на Организацијата на Жени при УНАСМ Дивна Змејковска. Посетата и одзивот кај граѓаните на Општина Делчево на оваа трибина беше недоволен со оглед на актуелноста на оваа тема во Делчево. секако за поздравување е фактот што на трибината присуствуваше градоначалникот на Општина Делчево г-дин Горан Малешевски кој секогаш манифестира спремност за развој на ваквите дебати кои задирнуваат длабоко во општественото живеење на граѓаните на Општина Делчево. Впрочем негова декларирана и програмски јасна определба е токму решавањето на проблемите со кои се соочуваат младите од Делчево, во нивното секојдневие. Погледни Промотивен спот на Youtube.
No comments:
Post a Comment