ДЕЛЧЕВО
...минато,сегашност,иднина!

Заслуги

Овој блог простор е направен во рамките на програмските активности на Младинскиот културно-Информативен центар на Делчево кој е основан со финансиска помош на АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.Сите модули, шаблонскиот изглед, сите графички и видео содржини се направени од страна на волонтери на здружението на граѓани Акција за Малади Делчево од Делчево.

Saturday, July 25, 2009

Трибина: Вистинското лице на пороците










Во организација на ЗГ Акција за Млади Делчево, а во соработка со Здравниот Дом Гоце Делчев, Подрачната единица на МВР во Делчево, Општина Делчево, Унија на Независни и Автономни Синдикати на Република Македонија-Организација на Жени при УНАСМ и Центарот за Култура Никола Јонков Вапцаров во Делчево, се одржа трибина со наслов "Вистинското лице на пороците". Трибината беше со информативно-едукативен карактер. Премиерно беше емитуван спотот на кампањата АЛАРМ-ПОРОЦИ во чии рамки Младинскиот Културно-Информативен Центар на Делчево ја спроведува со финансиска помош на Агенцијата за Млади и Спорт на Република Македонија.
Трибината продолжи со читање на писмо-исповед на еден наркоман во една од клиниките во Скопје, по преживеаната апстиненцијална криза. Понатаму продолжи со Презентацијате на оваа тема подготвена од членовите на ЗГ Акција за Млади Делчево, Д-р Соња Мавродиева, инспектор Миле Стоиловски, психолог Мика Илиева и претседателката на Организацијата на Жени при УНАСМ Дивна Змејковска. Посетата и одзивот кај граѓаните на Општина Делчево на оваа трибина беше недоволен со оглед на актуелноста на оваа тема во Делчево. секако за поздравување е фактот што на трибината присуствуваше градоначалникот на Општина Делчево г-дин Горан Малешевски кој секогаш манифестира спремност за развој на ваквите дебати кои задирнуваат длабоко во општественото живеење на граѓаните на Општина Делчево. Впрочем негова декларирана и програмски јасна определба е токму решавањето на проблемите со кои се соочуваат младите од Делчево, во нивното секојдневие. Погледни Промотивен спот на Youtube.


Sunday, July 19, 2009

Jessica Alba во Денс издание

Сабота вечер -Party time (на делчевски начин)
Беше прекрасно да се види како младите од Делчево уживаат во денс ритамот на современата американска поп култура. Особено ако се истакне фактот што филмот Honey беше пуштен да тече без македонски превод. На прашање дали им пречи тоа на посетителите сите одговараа дека нема потреба од превод, бидејки филмот комуницира на едно друго ниво би се рекло со извесна доза на примитивен говор на телото начин. Целта секако се постигна. Пред филмот да биде пуштен се емитуваа hip-hop и R n' B спотчиња. Се на се Добар провод за младите кои се иритирани од " кафанскиот начин на перење на мозоци"што се случува во Делчево. Сепак Музиката од околните "кафани" особено онаа од рентаните простории во Центарот за култура Н.Ј. Вапцаров "бодеше" во уво со сета своја кич жестина и постојано беше појачувана повторно и повторно, на што наиде на презир од љубителите на добриот филм.
"kafana is dead; long live the rock n' roll"

Saturday, July 18, 2009

Bruce Lee forever

Петок навечер во Делчево и не е некој ден за прикажување на филм (особено не некој стар од пред илјада и некоја), НО!!!
Брус Ли-идентитет кој сеуште трае, и не само тоа -блеска, на филмското платно понуди една прекрасна вечер на оние кои присуствуваа на Видео проекцијата на " Во змејовото грездо". се уште проткајува духот на оваа извонредна личност од сега би сакал да истакнам светската поп култура. Да, така е Поп култура. една ориентална филозофија и енергична појава на ќовекот кој се остави себеси на филмското платно, како симбол и олицетворение на идните генерации за се она што се нарекува "живеење на животот во вистинска смисла на зборот". Филмот сам по себе требаше да биде билет за влез на американскиот кино пазар. Наместо тоа Брус Ли влезе на голема врата и тоа онаму каде остави најголем впечаток: во срцето на оние кои засекогаш ке се секаваат на него-младите генерации, независно од која раса, националност и припадност се: Луѓе.
П.С. И не заборавајте " Бидете како водата Мои Пријатели".

Friday, July 17, 2009

The good the bad and the ugly



Вестерн шпагети не е некој комерцијален занр во денешното време но сепак, неповторливиот Серџо Леоне и секогаш актуелниот Енио Мориконе (особено по настапот на Охридско лето 2009) се секогаш атрактивни за гледање и воопшто консумирање од страна на новите генерации на поклоници на филмската уметност. Затоа се покрена оваа иницијатива за проекција на овој култен филм, можеби само поради големиот апетит за презентација на вистински вредности проткајани низ содржината на овој филм, можеби поради големината на ликовите извајани на филмското платно токму од носечките карактери и секогаш намќорестиот (во позитивна смисла ) Клинт Иствуд.
Се на се добар впечаток, посетеност околу очекувањета од страна на претежно млада публика и неодминливите проблеми околу организацијата го направија овој настан како еден од вредните за паметење-барем за оние кои беа...

Monday, July 13, 2009

Проекција на BARAKA пред домот на култура


Пред Центарот за култура Н. Ј. Вапцаров во Делчево се одржа кино проекција на филмот БАРАКА, во рамките на овогодинешното Делчевско Културно Лето. Поради временските неприлики посетеноста беше минимална со околу 70-тина посетители кои сепак имаа можност да уживаат во богатата и колоритна к-ија на овој документарен арт филм од 1992 година. по проекцијата бече пуштано музика од Делчевски млади автори и таленти. Настанот го организираа овогодинечните организатори на Делчевското Културно лето ЗГ Акција за Млади-преку програмската определба на Младинскиот Културно-Информативен Центар, Центарот за Култура Н. Ј. Вапцаров и Младински совет на Делчево.

Започна Делчевско културно лето


Во организација на
ЗГ АКЦИЈА ЗА МЛАДИ Делчево
ЗГ Младински совет на Делчево
Центарот за култура Никола Јонков Вапцаров
и Градоначалникот на Општина Делчево почитуваниот г-дин Горан Малешевски
синоќа на 08.07.2009 год. во 20.00 часот започна Делчевското културно лето 2009.
Манифестацијата започна со настанот IN MEMORIAM посветен на големата поп икона на современата музика Michael Jackson. Беше прикажан документарен филм со аудио и видео записи од огромната колекција на вакви дела што оваа легендарна личност им ги остави како наследство на многубројните фанови ширум светот. пеа поставени паноа на кои делчевските фанови можеа да остават своја порака за вистинскиот крал на поп музиката.
присутни беа околу 300-тини посетители кои и по завршување на регуларната програма бараа уште повеќе, но времето предвидено за настанот мораше да се испочитува, така кон 23.00 часот -ende.

p.s. уф-уф беше одлично. Дефинитивно Делчево заслужува вакви културни манифестации од било кој облик.

ДА СЕ ПОТРУДИМЕ ДЕЛЧЕВО ДА ГО ДОБИЕ ОНА ШТО МУ СЛЕДУВА
...напредок, визија, иднина!

здружение на граѓани АКЦИЈА ЗА МЛАДИ ДЕЛЧЕВО

Часовни зони

Делчево Денес
HTML код на: ULTIMATE-DESIGN Delcevo

Календар

HTML код на: ULTIMATE-DESIGN Delcevo

Колку ви се допаѓа изгледот на нашиов блог

Колку сте запознаени со работата на НВО секторот во Делчево?

Дали младите имаат перспектива во Делчево?

Добредојдовте!!!

HTML код на: ULTIMATE-DESIGN Delcevo

Подвижен часовник

HTML код на: ULTIMATE-DESIGN Delcevo

ONLINE посетители

Вкупно посетители

Website counter

Преведи сајт

Најава на настани

Ден на дрвото во Македонија" по четврти пат .На територијата на цела Македонија во петокот, 13-ти ноември (хммм... чудно совпаѓање) ке се спроведе граѓанската иницијатива Ден на дрвото - засади ја својата иднина по четврти пат. Овој ден од страна на властите во државата е прогласен за неработен, така сите вработени во јавната администрација непречено ке можат да ја покажат својата граѓанска определба и да засадат дрвца. Метеоролозите за овој ден предвидуваат поволни климатски услови и разветрување на времето. Во оваа четврта по ред акција за озеленување на Македонија ќе се засадат 7,5 милиони дрвца.

Најава на настани

На 3 (третти) Ноември во 12.00 часот во Конференциската сала на Центарот за култура Никола Јонков Вапцаров во Делчево ке се одржи информативен ден за програмата за Доживотно учење , кој го спроведува Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност.Се покануваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на овој состанок.

Општи податоци за Делчево

Во најисточниот дел на Р.Македонија, по горниот тек на реката Брегалница, помеѓу планинитеголак и Влаина е распространета Делчевската општина..Поголемиот дел од населените места се наоѓаат во Пијанечката Котлина, а помал број по разграноците на Осоговската Планина. Високата планинска котлина Пијанец, се наоѓа на надморска височина од 576-650 m- се простира во должина на околу 15 km а во широчина 4-5 km. На север и североисток, од коритото на Брегалница, котлината се издига со благи ридови што претставуваат врска помешу Осоговските и Малешевските планини и вододелницата на реките Струма и Вардар. Од југ, котлината е заградена со ридот Бејас Тепе, од југозапад со планината Голак. На север во должина од 30 km постепено се издигаат голите ридчести падини на југоисточните делови на планината Осогово. Овој дел го носи името Осоговија. Преку Долините на реките Брегалница и Желевица, Пијанец на југ е поврзан со повисоката Малешевска Котлина, а на запад по долината на Брегалница со многу пониското Кочанско Поле. На исток Преку планинскиот пресек Арнаутски Гроб, Пијанец е поврзана со Благоевградската Котлина во Пиринска Македонија. На југ се граничи со со општините Пехчево и Берово, на запад со општината Виница, на северо – запад со општината Македонска Каменица, а на исток и северо исток со Република Бугарија. Опкружена е со Планините Голак (на запад), Влаина (на Исток) Осоговските планини (на Севе р) и Малешевските Планини (на Југ). Општината Делчево до 1996 година зафаќаше површина од 589 km² или 2,3 % од територијата на државата. Со новата територијална поделба на Република Македонија, од општина Делчево е издвоена општината Македонска Каменица, така што таа денес зафаќа територија од 423 km² . Покрај општинскиот центар Делчево, во општината има и 21 селска населба. По големина на територија и број на население, општината се вбројува во помалите општина во Република Македонија.
Според податоците од последниот попис во 1994 година и во согласност со промените настанати со новата територијална поделба на Република Македонија, вкупниот број на население во општина Делчево изнесува 17.505, жители од кои 11.305 или 59, 5 % се градско (живеат во општинскиот центар градот Делчево) и останатите 40,5 % селско население кои живеат во руралните места. Густината на населеност во општината изнесува 42 жители на 1 km² и е за 1,8 пати помала од просечната густина во Република Македонија. Природниот прираст на населението во општина Делчево во 1998 година изнесувал 0,8 и е далеку понизок од просекот во Република Македонија, кој изнесувал 6,2. Според податоците од пописот, во националната структура на населението на општината доминира македонското население со учество од 96,4 %. Националната, старосната и половата структура на населението се прикажани во следната табела: Исто така е утврдено дека просечниот број на жители по домаќинство на ниво на општината изнесува 3,52 при што 3, 55 членови по домаќинство во градот и 3,48 членови по домаќинство во руралните средини. Резлутатите од следењето на демографската состојба во општината укажуваат дека 9 селски населби ( Ветрен, Вратисловци, Илиово, Киселица, Косово Дабје, Нов Истевник, Очипала, Селник и Стар Истевник ) со вкупно население од 1.102 жители, или 15,4 % од селското население немаат перспектива и се осудени на бавно биолошко изумирање, 6 селски населби ( Бигла, Вирче, Град, Драмче, Тработивиште и Чифлик ) со вкупно население од 2.698 жители, или 37,6% од селското население, можат да се одржат доколку благовремено се помогне нивниот стопански развој, а во 5 селски населби ( Габраво, Звегор, Разловци, Стамер и Турија) со вкупно население од 3.256 жители, или 45,4% од селското население, преовладува работоспособното население и населението од возрасни групи до 17 годин, што овозможува сигурен опстанок и развој на овие рурални населби во наредниотпериод.Во општината е регистрирано постоење на дневна миграција село - град , односно секојдневно доаѓање во Делчево на 300 до 400 вработени лица кои живеат во руралните населби на општината. Од анализа на структура на населението е утврдено дека учеството на работоспособнто население и младото население е повисоко во градот во однос на руралните средини. Просечното учество на младата популација на ниво на општината од 27,6% упатува на поволни можности што ги нудат човечките ресурси, како фактор за остварување на идниот економски развој. Согласно планските предвидувања, населението во градот ќе се зголеми во 2010 година, во однос на 1994 година за 13,7 % , а во 2020 година за 29,8 % . Порастот на руралното население ќе биде со побавно темпо и за претходно наведените реперни години зголемувањето ќе изнесува 11,5 % односно 15,7% соодветно.

ULTIMATE-DESIGN Delcevo HTML кодови

Поважни линкови

Овој JavaScripts код е креиран
од ULTIMATE-DESIGN Delcevo